Турската машка фудбалска репрезентација на Олимпијадата за глуви 2017 ја освои шампионската титула

Турската фудбалска репрезентација на натпреварот постигна победа од 4-3 и го освои златниот медал

780414
Турската машка фудбалска репрезентација на Олимпијадата за глуви 2017 ја освои шампионската титула

Турската машка фудбалска репрезентација на Олимпијадата за глуви 2017 во Самсун на финалниот натпревар со Украина кој во нормално време заврши со резултат 0-0, во продолжение не пенали ја совлада со резултат од 4-3 и ја освои шампионската титула.

Првото полувреме на натпреварот кој се одигра на стадионот „Џаник 19 мај“ заврши нерешено 0-0. Двете репрезентации и во второто полувреме не можеа да постигнат голови така што натпреварот заврши нерешено и се одигра продолжение. Откако и во продолжението на натпреварот немаше голови, се премина на пенали.

Турската фудбалска репрезентација на натпреварот постигна победа од 4-3 и го освои златниот медал.

Турција со овој резултат по шампионските титули на светското и европското првенство ја освои и шампионската титула на олимпијадата.

Натпреварот го проследија министерот за младина и спорт Осман Ашкин Бак и поранешниот министер Акиф Чагатај Килич.

На шампионатот на Турција и беше доделен златен, на Украина сребрен на Египет бронзен медал. Медалите на репрезентативците им беа доделени од страна на министрите Осман Ашкин Бак, Акиф Чагатај Килич и претседателот на Меѓународниот спортски комитет за глуви Валери Рукледев.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката по повод освојувањето на шампионската титула на Олимпијадата за глуви од страна на машката фудбалска репрезентација му честиташе на претседателот на Спортската федерација на глувонемите на Турција Јакуп Умит Кихтир.

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган на претседателот на федерацијата Кихтер му испрати телеграма со честитки по повод освојувањето на шампионската титула на машката фудбалска репрезентација.



Слични вести