Бешикташ шампион на Турција во сезоната 2016-2017

Претседателот  Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим им честитаа на фудбалерите на Бешикташ на шампионската титула

741395
Бешикташ шампион на Турција во сезоната 2016-2017

Фудбалерите на Бешикташ ја освоија шампионската титула во Турција во сезоната 2016-2017.   

Бешикташ ја освои втората шампионска титула во турското првенство во фудбал после победата над Газиантепспор со резултат од 4 спрема 0.  

Втори во оваа сезона се пласираа фудбалерите на Башакшехир по победата над Аданаспор со резултат од 2 спрема 1.

Инаку натпреварот го следеа голем број навивачи на Бешикташ. 

Првиот гол го постигна Рајан Бабел во 6.минута по што Бешикташ поведе со 1 спрема 0. Во 39. минута Огузхан Озјакуп го постигна вториот погодок по што првото полувреме заврши со предност на Бешикташ од 2 спрема 0.

Бешикташ успеа да ја заджи предноста и во втрото полувреме.

Головите во второто полувреме ги постигна Андерсон Талиска и тоа во 66. и 76 минута од натпреварот.

Со победата од 4 спрема 0 над Газиантепспор екипата на Бешикташ обезбеди вкупно 74 бода.

На второто место се наоѓа Медипол Башакшехир со вкупно 70 бода.

Со оваа победа Бешикташ ја прогласи својата шампионска тутула во сезоната 2016-2017.

Претседателот  Реџеп Тајип Ердоган им честита на фудбалерите на Бешикташ на победата. Во својата честитка преку Твитер профилот претседателот Ердоган напиша: Од срце им честитам на фудбалерите на Бешикташ за шампионската титула во сезоната 2016-2017 година.

Претседателот Ердоган исто така му честита и на претседателот на клубот Бешикташ Фикрет Орман.

Честитка до Фикрет Орман упати и премиерот Бинали Јилдирим.

 



Слични вести