Леброн Џејмс најдобриот стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд Кавалиерс, од Американската (НБА) лига стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс.

740090
Леброн Џејмс најдобриот стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд Кавалиерс, од Американската (НБА) лига стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс.

Минатогодишниот шампион Кливленд Кавалиерс победи на петтиот натпревар против Бостон Селтикс, во финалето на Источната конференција, со резултат 135 : 102. Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд Кавалиерс, кој со постигнатиот резултат го обезбеди своето место во финалето, стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс.

Леброн Џејмс постигна 29 поени во дуелот со Бостон Селтикс, со што постигна 5.989 поени во НБА Плеј-офс. Тој успеа да го собори рекордот на Мајкл Џордан, кој го носеше епитетот најдобар стрелец на НБА Плеј-офс, со постигнати 5.987 поени.

Леброн Џејмс го освои епитетот најдобар стрелец на 212. натпревар во НБА Плеј-офс. 

Првиот дуел на финалната серија ќе се одигра на 1 јуни, меѓу победникот на Источната конференција, Кливленд Кавалиерс, и победникот на Западната конференција, Голден Стејт Вориорс



Слични вести