Продолжува возбудувањето по повод четврт-финалните натпревари во Лигата на шампионите

Вечерва ФК Бешикташ првиот квалификационен натпревар за четврт-финалните натпревари на Европската лига на УЕФА ќе го одигра со екипата на Олимпик Лион

711724
Продолжува возбудувањето по повод четврт-финалните натпревари во Лигата на шампионите

Синоќа беа одиграни три значајни натпревари во Лигата на шампионите, па дури и натпреварот Борусија Дортмунд – Монако кој беше одложен поради терористичкиот напад. Резултатите се следни:

Борусија Дортмунд 2 – Монако 3

Атлетико Мадрид 1 – Лестер Сити 0

Бајерн Минхен 1 – Реал Мадрид 2.

Турскиот претставник ФК Бешикташ вечер првиот квалификационен натпревар за четврт-финалните натпревари на Европската лига на УЕФА ќе го одигра со екипата на Олимпик Лион. Натпреварот ќе започне во 22.05 часот според турско време и ќе се пренесува директно од страна на ТРТ 1. На натпреварот не ќе можат да играат фудбалерите Абубакир поради црвен картон и Кварезма поради осакатеност.



Слични вести