Турската атлетичарка Јасемин Џан освои сребрен медал

Јасемин Џан со резултатот од 8 минути 43 секунди 46 стотинки го собори рекордот на Алемиту Бекеле во 2009

685772
Турската атлетичарка Јасемин Џан освои сребрен медал

На 34-то Атлетско првенство во сала во Србија, турската репрезентативка Јасемин Џан на финалната трка во категоријата до 3 илјади метри жени со резултат од 8 минути 43 секунди 46 стотинки освои сребрен медал.

Последниот ден на организацијата во белградската арена Комбанк, Јасемин Џан се натпреваруваше на трката на  3 илјади метри.

Прва во категоријата во која се натпреваруваше нашата репрезентативка беше Лаура Муир од Велика Британија кој со резултат од 8 минути 35 секунди 67 стотинки освои златен медал, додека трета беше Ејлиш МекКолган која со резултат од 8 минути 47 секунди 43 стотинки освои бронзен медал.

Јасемин Џан со резултатот од 8 минути 43 секунди 46 стотинки го собори рекордот на Алемиту Бекеле во 2009 од 8 минути 43 секунди 50 стотинки.

Муир која освои златен медал со резултатот од 8 минути 35 секунди и 67 стотинки го собори рекордот на првенството.



Слични вести