Париз Сен Жермен ја победи Барселона со убедливи 4:0

Синоќа беа одиграни два натпревари во осминафиналето во Лигата на шампионите во кои француски Париз Сен Жермен ја победи шпански Барселона со убедливи 4:0, додека португалски Бенфика извојува победа против германски Борусија Дортмунд со резулатат од 1:0

673146
Париз Сен Жермен ја победи Барселона со убедливи 4:0

Започнаа натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА во чии рамки синоќа беа одиграни два натпревари.

Француски Париз Сен Жермен на стадионот Парк де Пренс го пречека шпанскиот претставник Барселона.

Париската екипа која го започна мечот ефикасно уште во 18-тата минута со извонредниот гол од слободен удар на Анхел ди Мариа премина во водство од 1:0.

Во 40-тата минута следеше голот на Џулиан Дракслер и првото полувреме заврши со предност од 2:0 за Париз Сен Жермен.

Во второто полувреме во 55-тата минута од натпреварот Ди Мариа со силниот удар од далечина од 20 метри го постигна својот втор гол и Париз Сен Жермен резултатот го зголеми на 3:0.

Потоа на сцена стапи голгетерот на домашната екипа Единсон Кавани и во 72-рата минута резултатот стана 4:0.

Со овој резултат Париз Сен Жермен пред реванш натпреварот се стекна со голема предност.

Во вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА кој што исто така се одигра синоќа португалскиот претставник Бенфика на стадионот Естадио да Луз во Лисабон го пречека германскиот претставник Борусија Дортмунд.

Првото полувреме заврши без голови 0:0 по што во второто полувреме во 48-мата минута од натпреварот со голот на Костас Митроглу Бенфика премина во водство од 1:0.

На тој начин Бенфика се стекна со предност за реванш натпреварот.

Реванш натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Париз Сен Жермен и Борусија Дортмунд и Бенфика ќе се одиграт на 8 март. 

Вечерва пак во 22:45 часот според турско време ќе бидат одиграни и другите два натпревари во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Последниот шампион шпански Реал Мадрид ќе го пречека италијански Наполи, додека германскиот претставник Баерн Минхен ќе игра против англиски Арсенал.



Слични вести