Марадона стана лик на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА

56-годишниот легендарен аргентински фудбалер Марадона ќе стане лик на организациите кои што ги организира ФИФА во светот, ќе ги афирмира и ќе им даде поддршка на проектите кои што ги развива ФИФА.

672897
Марадона стана лик на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона стана лик на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА.

Во објавеното соопштение преку интернет страницата на ФИФА се истакнува дека аргентинската фудбалска ѕвезда во текот на долги години имаше голем придонес за фудбалот и дека и во иднина ќе преземе различни задачи во склопот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА.

56-годишниот Марадона ќе стане лик на организациите кои што ги организира ФИФА во светот, ќе ги афирмира и ќе им даде поддршка на проектите кои што ги развива ФИФА.

Диего Марадона во изјавата што ја даде минатата недела рече: „Со цел ФИФА да се стекне со почиста и потранспарентна политика ќе работам со луѓе кои навистина го сакаат фудбалот.“

Марадона кој во текот на својата фудбалска кариера фрли потпис на голем број успеси, на Светскиот куп на ФИФА во 1986 година ја водеше Аргентина до шампионската титула, а на Светскиот куп на ФИФА во 1994 година беше отстранет поради допинг.



Слични вести