Спектакуларен старт на ЕЈОФ 2017 во Ерзурум

Бројот на оние кои што сакаат да го разубават светот е поголем

671146
Спектакуларен старт на ЕЈОФ 2017 во Ерзурум
eyof 2017-5.jpg
eyof 2017-4.jpg
eyof 2017-3.jpg
eyof 2017-2.jpg
eyof 2017-1.jpg

Спектакуларен старт на Европскиот младински олимписки зимски фестивал 2017 (ЕЈОФ 2017) во Ерзурум.

Фестивалот што се одржува под покровителство на Европскиот олимписки комитет (ЕОЦ) во Ерзурум, еден од најзначајните центри на зимските спортови во Турција беше отворен со учество на 675 спортисти од 34 земји.

Врз стадионот на градот Ерзурум каде што температурата се симнува до минус 14 степени и со цел да не се смрзнат, беа поставени грејачи.

Покрај студеното време, граѓаните покажаа големо интересирање кон манифестацијата.

На парадата што се одржа со маршот на спортистите на земјите учеснички на фестивалот со знамиња во рацете, последни излегоа спортистите на земјата домаќин со турските знамиња во рацете.

Министерот за спорт и младина Акиф Чагатај во говорот што го одржа на свеченото отворање на фестивалот посака фестивалот да биде аирлија за целата земја.

Министерот Килич говорот го започна со зборовите; „Иако на светот има луѓе со лоши намери кои што сакаат да го извалкаат светот, не треба да се заборави дека бројот на оние кои што сакаат да го разубават е поголем“. Во продолжение Килич рече:

Младите кои што од целиот свет дојдоа во Ерзурум и стојат рамо до рамо, ја зголемуваат нашата надеж како виножитото. Заедничката основа на сплотување на младите од различни општествени слоеви се токму спортските активности кои ги подучуваат да се борат за заедничка цел. Со зголемувањето на заедничката надеж, радост возбудување, луѓето ќе почнат подобро да се разбираат и ќе ослабат напорите на терористичките центри кои се обидуваат да ги заробат луѓето.

Вистинското мерило на успехот на фестивалот не се само медалите или пехарите, рече Килич и подвлече дека суштинскиот успех на фестивалот се младите кои успеале да воспостават меѓусебна комуникација.

Со завршувањето на организацијата, сите гости во своите земји ќе се вратат како победници, рече Килич и потенцираше дека сите гости откако ќе ја напуштат нашата земја, ќе понесат убави спомени и вистинска насмевка.

Европскиот младински олимписки зимски фестивал (ЕЈОФ) претставува повик за пријателство и братство. Добрината, толеранцијата и искреноста на спортските дисциплини на ЕЈОФ во суштина подразбираат мост на пријателство меѓу земјите.

Репрезентативецот Сердар Дениз откако го презеде олимпискиот факел од репрезентативката Ајше Дурлу, со радоста и овациите на граѓаните го запали олимпискиот оган.

Сценските ефекти и шоу изведби ја разубавија атмосферата на манифестацијата.



Слични вести