Прекин на војната во Алепо со фудбал

По шестгодишната војна, во сабота Сиријците првпат имаа можност да се соберат на еден стадион и да следат еден фудбалски натпревар

664322
Прекин на војната во Алепо со фудбал

Најдобриот фудбалски клуб на Сирија Ал-Иттихад во Алепо одигра натпревар против екипата на Ал-Хурија кој му даде здив на градот Алепо кој е изморен од војната.

По шестгодишната војна, во сабота Сиријците првпат имаа можност да се соберат на еден стадион и да следат еден фудбалски натпревар.

На натпреварот во градот кој поради војната е поделен на западен дел кој се наоѓа под контрола на силите на режимот и источен дел кој се наоѓа под контрола на силите на опозицијата, екипата на Ал-Иттихад ја победи екипата на Ал-Хурија со резултат од 2-0. Екипата на Ал-Иттихад е една од најсупешните сириски екипи. Двете екипи припаѓаат на градот Алепо.

Лани во декември силите на режимот илјадници лица ги оставија на линијата на фронтот под оган и предизвикаа човечка криза ипо едномесечната опасада ја презедоа контролата над поделениот град.

Војната во Алепо за преземање на контролата траеше уште чеитири и пол години по повлекувањето на силите на опозицијата согласно договорот кој што беше постигнат.

Двете екипи на градот од 2012 година натпреварите ги играа во другите предели на Сирија. Претходните натпревари на оваа сезона екипите ги одиграа во пристанишниот град Латакија.

Над 200 сириски фудбалери ја напуштија земјата и повеќето заминаа во Ирак.

Некои од нив пак останаа во земјата и војуваа против режимот. Сирискиот меѓународен играч Мусаб Балхоус поради помошта на опозицијата и учество со некои други фудбалери од ФК Ал-Карамах во вооружената организација беа затворени.



Слични вести