Сестрите Серена и Венус Вилијамс по 9-ти пат во финалето

Двете сестри тенисерки Серена и Венус Вилијамс досега 8 пати се сретнаа во финалето на Грен слем турнирите од кои 6 пати победи Серена, а два пати Венус

659906
Сестрите Серена и Венус Вилијамс по 9-ти пат во финалето

Серена Вилијамс со извојуваната победа против хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони на тенискиот Грен слем турнир Австралија опен за жени во поединечна конкуренција стана противничка во финалето на својата постара сестра Венус Вилијамс.

Двете сестри тенисерки досега 8 пати се сретнаа во финалето на Грен слем турнирите на кои повеќе победи има извојувано помладата сестра Серена Вилијамс.

На првиот Грен слем турнир Австралија опен во сезоната зажени во поединечна конкуренција американската тенисерка во полуфиналето ја победи својата противничка хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) и се пласира во финалето каде што ќе игра со својата постара сестра Венус Вилијамс.

Второ рангираната 35-годишна Серена Вилијамс која во својата досегашна тенисерска кариера има освоено 22 Грен-слем турнири во финалето ќе игра против својата 36-годишна сестра Венус Вилијамс која е рангирана на 13-тото место во светот. 

Двете сестри тенисерки досега во финалните натпревари на Грен слем турнирите играа 8 пати и на 6 од овие натпревари победи Серена Вилијамс, а на два Венус Вилијамс.

Како последно Венус Вилијамс ја победи својата помлада сестра Серена Вилјамс во финалето на Вимблдон во 2008 година.

 



Слични вести