Серена Вилиамс на Отвореното тениско првенство на Австралија се пласира во вториот круг

Канаѓанецот Милош Раониќ исто така се пласираше во вториот круг на првенството

653532
Серена Вилиамс на Отвореното тениско првенство на Австралија се пласира во вториот круг

Светскиот тениски рекет број два жени Американката Серена Вилиамс на Отвореното тениско првенство на Австралија на првиот Гренд слем тениски турнир на сезоната и тениски рекет број три мажи, Канаѓанецот Милош Раониќ се пласираа во вториот круг на првенството.

На натпреварите во првиот круг на првенството што се одржува в австралискиот град Мелбурн, Американката Серена Вилијамс која има 6 шампионски титули и лани играше полуфинале играше против 59 рекет Швајцарката Белинда Бенчиќ. Вилијамс на натпреварот извојува победа со резултат од 2 – 0 и тоа во сетови од 6-4 и 6-3.

Петтиот тениски рекет жени Каролина Плискова ја победи Сара Сорибес Торно, додека шестиот тениски рекет жени Доминика Цибулкова ја победи Дениса Алертова. Деветиот рекет жени Јохана Конта ја победи Кирстен Флипкенс со резултат од 2-0 и на тој начин се пласираа во вториот круг.

Тениски рекет број три мажи Милош Раониќ играше против Дастин Браун кој се наоѓа на 70-то место на светската ранг листа на тенисери и извојува победа од 3-0, во сетови 6-3, 6-4 и 6-2.

Тенискиот рекет мажи Рафаел Надал кој на Гренд слим шампионатот на Отвореното тениско првенство на Франција во 2014 година се искачи до финалето, на првиот натпревар против Флориан мајер извојува победа од 3-0 (во сетови  6-3, 6-4, 6-4) и се пласираше во вториот круг.



Слични вести