Најдобар германски фудбалер репрезентативец во 2016 година е Месут Озил

На анкетата за избор на најдобар германски фудбалер репрезентативец во 2016 на год. првото место го освои фудбалерот од турско потекло Месут Озил кој освои 54,5-насто од вкупно 316.850 гласови и по петти пат стана најдобар германски репрезентативец

652217
Најдобар германски фудбалер репрезентативец во 2016 година е Месут Озил

За најдобар фудбалер репрезентативец на годината во Германија избран играчот од турско потекло Месут Озил.

На анкетата за избор на најдобар фудбалер репрезентативец на годината спроведена од страна на Клубот на навивачи на германската фудбалска репрезентатица на интернет страницата на Германската фудбалска федерација (DFB) првото место го освои фудбалерот од турско потекло Месут Озил кој освои 54,5-насто од вкупно 316.850 гласови. 

По Месут Озил кој игра за англиски Арсенал на второ место со освоени 33,9-насто од гласовите е германскиот репрезентативец Тони Крос на шпански Реал Мадрид, а на трето место со освоени 4-насто од гласовите е Јонас Хектор кој игра за германски Ќелн.  

На тој начин Месут Озил по петти пат е избран за најдобар фудбалер репрезентативец во 2016 година на анкетата која што се спроведува од 2010 година, со тоа што освен него за најдобар репрезентативец во 2010 година беше избран Бастиан Швајнштајгер и во 2014 година Тони Крос.

Германскиот репрезентативец од турско потекло Месут Озил во дадената изјава на интернет страницата на Германската фудбалска федерација (DFB) истакна дека чувствува гордост од тоа што голем број навивачи гласаа за него и им се заблагодари на навивачите.



Слични вести