Кошаркарите во Турција играа под слоганот „Магионичарите на паркетот рамо за рамо за Турција“

На организацијата која што се одржа во спортската сала Улќер Спортс Арена во Истанбул кошаркарските ѕвезди во турската кошаркарска лига ги презентираа своите вештини во натпревари за талент, забивање и погодоци од зоната за три поени

652317
Кошаркарите во Турција играа под слоганот „Магионичарите на паркетот рамо за рамо за Турција“
Spor Toto All Star 2017.jpg
Spor Toto All-Star.jpg
Spor Toto All-Star 2017.jpg
Spor Toto All Star 2017.jpg
All-Star 2017.jpg

На натпреварот Спор Тото Олстар 2017 што се одржа под слоганот „Магионичарите на паркетот рамо за рамо за Турција“ азискиот тим го победи европскиот тим со резултат од 140:135 коша.

На организацијата која што се одржа во спортската сала Улќер Спортс Арена во Истанбул кошаркарските ѕвезди во турската кошаркарска лига ги презентираа своите вештини во натпревари за талент, забивање и погодоци од зоната за три поени.

На натпреварот за талент победи Јигит Аслан од екипата Тофаш, а во кошеви од зоната за три поени најдобар беше Мелих Махмутоглу од Фенербахче.

На натпреварот во забивање победи Тејлор Хонејкат од Анадолу Ефес.

На крајот од денот се одигра натпревар помеѓу азискиот и европскиот тим

Мечот го дооби азискиот тим со 140:135 коша.

Една од ѕвездите на организацијата беше турскиот фудбалер репрезентативец Арда Туран кој игра за светски познатиот шпански Барселона.

Арда Туран играше како плејмејкер во европскиот тим и со дресот број 10 доби силни аплаузи од трибините.

Воп рамките на организацијата пред гледачите настапи и спортистката на Ред Бул Ајше Беѓум Онбаши која на последното Светско првенство во аеробичка гимнастика освои златен медал.

Меѓу натпреварите беа приредени интересни настапи и забавни игри кои беа гледани со заинтересираност од страна на љубителите на кошарката.

Приходите кои што се обезбедени од оваа организација која беше следена со голема заинтересираност ќе им бидат подарени на семејствата на шехидите и газиите.



Слични вести