Пораки со осуда и сочувство од спорстките клубови по повод терористичкиот напад во Истанбул

Во објавените пораки од страна на голем број спортски клубови во првата турска фудбалска Спор Тото Супер Лига на чело со Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор беше осуден и проколнат терористичкиот напад во Ортаќој во Истанбул

641936
Пораки со осуда и сочувство од спорстките клубови по повод терористичкиот напад во Истанбул

Голем број спортски клубови во првата турска фудбалска Спор Тото Супер Лига на чело со Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор објавија пораки со осуда по повод терористичкиот напад во Ортаќој во Истанбул во кој животот го загубија 39 лица, а 65 лица без ранети.

Во објавената порака преку интернет страницата на Клубот Фенербахче се истакнува следното: „На сите наши граѓани кои го загубија животот го овој кукавички напад за причинување сенка врз  единството и целината на нашата земја им посакуваме милост од Аллах, на нивните блиски им посакуваме трпение, а на сите наши ранети граѓани и посакуваме побрзо оздравување.“

Во објавеното соопштение од Галатасарај се вели следното: „Го проколнуваме кукавичкиот терористички напад во Ортаќој насочен против нашите граѓани кои сакаа да влезат со надеж во новата година. Со жалење го дочекавме овој кукавички напад на оние кои немаат човечност во себе насочен против нашите граѓани кои гледаат со надеж кон животот и единственото што го сакаа беше забава. На нашите граѓани кои го загубија животот во ова злосторство им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните блиски, а на нашите ранети граѓани им посакуваме побрзо оздравување.“

Во објавеното соопштение преку интернет страницата на спортскиот клуб Бешикташ пак се вели следното: „Тероризмот кој по реализираните напади врз нашите војници и полицајци не признава граница и кукавичност, овојпат реалиизра кукавички напад врз нашите цивилни граѓани.  Со мобилизирање со нашата држава и нашиот народ, зачувувајќи ги нашето единств о и заедништво имаме целосна верба во тоа дека ќе го победиме тероризмот.  На загинатите во терористичкиот напад им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства, а на нашите ранети граѓани им посакуваме побрзо оздравување.“

Во пораката со осуда објавена преку интернет страницата на спортскиот клуб Трабзонспор се истанува следното: „Остро го проколнуваме терористичкиот напад во кој беше пукано врз нашите граѓани кои ја доживуваа радоста во еден ноќен клуб во Истанбул од влегување во една нова година. На загинатите во овој подол напад насочен против единството и заедништвото на нашата земја им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите им посакуваме милост. Нашата верба е целосна во тоа дека ќе им се даде најтешкиот одговор на извршителот или на извршителите на терористичкиот напад кој не облеа во длабока жалост сите.“

Освен Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор пораки со осуда во врска  со нападот објавија и голем број други спортски клубови во првата турска фудбалска Спор Тото Супер Лига.



Слични вести