Анадолу Ефес вечер ќе игра против екипата на Реал Мадрид

Екипата на Фенербахче ќе игра во гости проти Олимпијакос

640442
Анадолу Ефес вечер ќе игра против  екипата на Реал Мадрид

Завршува првата половина на годинашнава сезона во кошарка на Европската лига ТХЈ

Нашиот претставник, кошаркарската екипа на Анадолу Ефес ќе биде домаќин на екипата на Реал Мадрид.

Натпреварот ќе се одигра во 20.00 часот според турско време во салата Абди Ипекчи во Истанбул.

Екипата на Фенербахче ќе игра во гости проти Олимпијакос.

Натпреварот ќе се одигра во 22.00 часот во спортската сала за мир и пријателство.

Од друга страна пак, лидерот на групата екипата на ЦСКА Москва во 21.00 часот ќе игра во гости против Црвена Ѕвезда во Белград и овој натпревар ќе се емитува во живо од страна на ТВ-канал ТРТ Спорт.

Кошаркарската екипа на Галатасарај Одеабанк на натпреварот во 15-то коло на Европската лига ТХЈ утре ќе биде домаќин на германската екипа Бросе Бамберг.

Натпреварот што ќе се одигра во 20.00 часот во салата Абди Ипекчи ќе е емитува во живо од страна на ТРТ Спорт и Лиг ТВ.



Слични вести