Турскиот судија Џунејт Чакир избран за петти најдобар судија во 2016 година

Според објавеното соопштение преку интернет страницата на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) турскиот судија Џунејт Чакир со освоени 28 поени е избран за петти најдобар судија во 2016 година

638302
Турскиот судија Џунејт Чакир избран за петти најдобар судија во 2016 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го избра турскиот судија Џунејт Чакир за петти најдобар судија во 2016 година.

Според објавеното соопштение преку интернет страницата на IFFHS, на гласањето што се одржа оваа година по 30-ти пат со учество на новинари и експерти од 56 земји беа избрани најдобрите судии во 2016 година.

Англискиот судија Марк Клатенбург кој ги водеше финалните натпревари оваа година и на Европскиот фудбалски шампионат и во Лигата на шампионите на УЕФА со освоени 141 поен за прв пат беше избран за надобар судија во 2016 година.

Италијанскиот судија Никола Ризоли победникот на гласањето во 2014 и 2015 година оваа година со освоени 65 поени го освои второто место, додека унгарскиот судија Виктор Касаи кој беше избран за најдобар судија во 2011 година оваа година со освоени 55 поени го освои третото место.

Турскиот судија Џунејт Чакир пак кој минатата година беше на трето место оваа година со освоени 28 поени беше избран за петти најдобар судија.

10-те судии со најголем број освоени поени на гласањето се следните:

1. Марк Клатенбург (Англија) 141 поен

2. Никола Ризоли (Италија) 65 поени

3. Виктор Касаи (Унгарија) 55

4. Јонас Ериксон (Шведска) 43 поени

5. Џунејт Чакир (Турција) 28 поени

    Бјорн Куиперс (Шведска) 28 поени

7. Феликс Брих (Германија) 26

8. Мартин Аткинсон (Англија) 20

9. Дамир Скомина (Словенија) 19

10. Нестор Питана (Аргентина) 14



Слични вести