Ноер, по четврти пат избран за најдобар голман во светот

На гласањето кое што оваа година се одржа по 30-ти пат со учество на новинари и експерти од 56 земји голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер е избран за најдобар голман во 2016 година

637498
Ноер, по четврти пат избран за најдобар голман во светот

Играчот на германскиот фудбалски прволигаш Баерн Минхен Мануел Ноер стана добитник на наградата најдобар голман во 2016 година која што се одделува од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

Според објавеното соопштение преку интернет страницата на IFFHS на гласањето кое што оваа година се одржа по 30-ти пат со учество на новинари и експерти од 56 земји голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер е избран за најдобар голман во 2016 година. 

Мануел Ноер кој со дресот на Баерн Минхен стана шампион во Бундеслигата и шампион во Купот на Германија со освоени 156 поени по четврти пат едно по друго е избран за најдобар голман во светот за 2016 година.

Италијанскиот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон кој исто така оваа награда досега ја освои четири пати овојпат освои 91 поен и се најде на второто место.

Голманот на португалската фудбалска репрезентација Руи Патрисио пак кој ја освои првата титула европски шампион во својата кариера со освоени 50 поени го освои третото место.

 



Слични вести