Турските фудбалски ѕвезди на терен за „Почит кон шехидите“

Фудбалските ѕвезди на турската Супер Лига синоќа излегоа на терен за шехидите и газиите

636149
Турските фудбалски ѕвезди на терен за „Почит кон шехидите“

Турскиот фудбал се сплоти во едно срце против тероризмот.

Фудбалските ѕвезди на турската Супер Лига синоќа излегоа на терен за шехидите и газиите.

Организацијата се одржа под покровителство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, а домаќин беше стадинот Водафон Арена во Истанбул.

Пред да започне натпреварот беше читан Куран за шехидите, а потоа кус говор одржа претседателот Ердоган.

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган слезе на теренот и се поздрави одделно со сите фудбалери, полицајци и децата на шехидите.

Натпреварот што се одигра помеѓу турските и странските фудбалски ѕвезди во Супер Лигата го водеше судијата на ФИФА Џунејт Чакир.

По секој постигнат гол на натпреварот сите фудбалери и судијата Џунејт Чакир ги поздравија трибините со војнички поздрав.

На натпреварот победи црвената екипа составена од турски фудбалски ѕвезди со 4:3.

Приходите од организацијата од страна на министерството за семејство и социјални политики ќе им бидат доделени на семејствата на шехидите и газиите.



Слични вести