Фенербахче го победи Феенорд и се пласира во шеснаесетфиналето во Лига Европа

Фенербахче синоќа извојува историска победа против холандски Феенорд со резултат од 1:0 во гости и се палсира во шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА

627167
Фенербахче го победи Феенорд и се пласира во шеснаесетфиналето во Лига Европа

Турскиот претставник во Лига Европа на УЕФА Фенербахче синоќа успеа да го постигне она што беше најтешко и во последниот натпревар во својата група го победи во гости холандски Феенорд со резултат од 1:0.

Натпреварот се одигра во Ротердам и со оваа извојувана значајна победа Фенербахче успеа да стави крај на онаа неверојатна серија од непобедливост на Феенорд на свој терен во текот на 20 натпревари

Победоносниот гол за Фенербахче го постигна Муса Соу во 22-рата минута од натпреварот.

Со оваа победа жолто-лилјаковата екипа бројот на своите поени го зголеми на 13 и и пласирајќи се пред силниот англиски Манчестер Јунајтед  успеа да го запиша своето име во шеснаесетфиналето во Лига Европа.

Феенорд пак со освоени 7 поени се збогува со понатамошните натпревари во европските купова во оваа сезона.

Еден друг турски претставник кој за прв пат во својата историја учествува во натпреварите во Европските купови Османлиспор исто така постигна голем успех.

Османлиспор во последниот натпревар во својата група синоќа го победи швајцарски Цирих во гости со убедлив резултат од 2:0 и групните натпревари ги заврши пласирајќи се на првото место.

Османлиспор ќе продолжи да игра во шеснаесетфиналето на Луга Европа.

Конјаспор пак  кој и претходно ја изгуби шансата за да излезе од групата во последниот натпревар  на домашен терен изгуби од белгиски Гент со 1:0.



Слични вести