Арда Туран синоќа го удри својот белег во Лигата на шампионите

Турскиот фудбалер на Барселона Арда Туран на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против германски Минхенгладбах постигна хет-трик

625648
Арда Туран синоќа го удри својот белег во Лигата на шампионите

Име кое синоќа го удри своејот белег во Лигата на шампионите беше турската фудбалска ѕвезда Арда Туран кој игра за силната шпанска екипа Барселона. 

Синоќа во квалификационата група „Ц“ во Лигата на шампионите силната шпанска екипа Барселона го пречека на свој терен германски Минхенгладбах.

Турскиот фудбалер настапи во првата 11-тка и одигра одлична игра.

Натпреварот што се одигра на стадионот Камп Ноу заврши со резултат од 4:0 за Барселона, додека Арда Туран играше со една асистенција и со постигнати други 3 гола.

Арда Туран со головите во 50-тата, 54-тата и 67-мата минута од натпреварот постигна хет-трик.

Со оваа извојувана убедлива победа Барселона во својата квалификациона група освои вкупно 15 поени и излезе како лидер од групата.



Слични вести