Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) ги суспендира сите свои организации

Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) соопшти дека до објавување на следното соопштение ги суспендира сите свои организации

620594
Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) ги суспендира сите свои организации

По авионската несреќа во Колумбија во која животот го загубија 75 лица, а 6 лица се спасија живи Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) соопшти дека до следното соопштение ги суспендира сите свои организации.

Во објавеното соопштение преку интернет страницата на Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) се истакнува дека по уривањето на патничкиот авион во градот Меделин во Колумбија во кој се наоѓаа и фудбалерите на бразилската прволигашка екипа Шапекоенсе до објавување на следното соопштение ги одложува сите свои организации.

Во соопштението се вели дека претседателот на Фудбалската федерација на Јужна Америка (CONMEBOL) Алехандро Доминикез заминал за колумбискиот град Меделин.

Екипата на бразилскиот прволигаш Шапекоенсе чии фудбалери и целата екипа се наоѓаа во срушениот авион во својот прв натпревар во финалето на Куп Судамерикана на 1 декември во четврток (утре) ќе требаше да игра против колумбиски Атлетико Национал.



Слични вести