Дарушшафака Догуш ја порази силната ЦСКА Москва со 91:83

Турската кошаркарска екипа Дарушшафака Догуш синоќа ја победи силната руска екипа ЦСКА Москва со резултат од 91:83

612558
Дарушшафака Догуш ја порази силната ЦСКА Москва со 91:83

Турската кошаркарска екипа Дарушшафака Догуш на синоќешниот натпревар во Истанбул не и даде шанса на ЦСКА Москва последниот шампион во Европската лига на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Дарушшафака Догуш силната руска екипа ЦСКА Москва ја победи со резултат од 91:83.

Една наша друга екипа Галатасарај пак од Литванија каде што му гостуваше на Жалгирис Каунас се врати со пораз од 87:75.

На тој начин жолто-црвените кошаркари го доживеаја и шестиот пораз.

Европската лига на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)  продолжува со осмите натпревари во чии рамки вечерва во 20:45 часот според турско време Фенербахче ќе го угости во спортската сала Улкер својот противник Анадолу Ефес.



Слични вести