Турција својата прва победа во групата ја извојува против Косово

Турција на натпреварот што го одигра во својата квалификациона група „И“ за Светското фудбалско првенство 2018 го победи Косово со резултат од 2:0

609462
Турција својата прва победа во групата ја извојува против Косово

Турција во четвртата недела од квалификационите натпревари за Светското фудбалско првенство 2018 извојува победа против Косово со резултат од 2:0.

Натпреварот на кој Турција ја извојува својата прва победа во својата квалификациона група „И“ се одигра во Анталја.

Турските фудбалери уште од почетокот на натпреварот ја презедоа контролата со играта во свои раце и играа подобро од гостинските фудбалери на Косово.

Турција се стекна со голем број позиции за да постигне гол меѓутоа првото полувреме заврши без голови 0:0.

Второто полувреме повторно започна со добрата игра на Турција така да уште во 51-та минута од натпреварот со голот на Бурак Јилмаз премина во водство од 1:0.

Само по неколку минути во 55-тата минута овој пат пристигна и вториот гол за Турција.

Стрелец беше Волкан Шен и резултатот веќе беше 2:0.

До крајот на натпреварот немаше друг гол и Турција ја извојува својата прва победа во својата квалификациона група „И“ за учество на Светското фудбалско првенство 2018 што ќе се одржи во Русија.

Натпреварот се одигра на стадионот во Анталја и го гледаа 33 илјади гледачи.

Трибините на стадионот во Анталја каде што за прв пат беше одигран еден официјален репрезентативен натпревар и беа исполнети.                                 



Слични вести