Вечер Анадолу Ефес ќе игра против екипата на ЕА7 Емприо Армани Милан

Натпреварот што ќе се одигра во салата Медиоланум Форум во градот Милано ќе започне во 22.45 според турско време

607702
Вечер Анадолу Ефес ќе игра против екипата на ЕА7 Емприо Армани Милан

Кошаркарската екипа на Ефес Пилсен во рамките на Европската лига „Туркиш ерлајнс“ во гости ќе игра против италијанскиот противник ЕА7 Емпорио Армани Милан.

Натпреварот што ќе се одигра во салата Медиоланум Форум во градот Милано ќе започне во 22.45 според турско време и ќе се емитува во живо преку брановите на ТВ-канали ЛигТВ 3 и ТРТ Спор.

По одиграни пет натпревари во лигата, екипите на Анадолу Ефес и ЕА7 Емпорио Армани Милан имаат по две победи и три порази. Екипата на Анадолу Ефес со предност во кошеви се наоѓа на 13, а екипата на Емпорио на 12 место на табелата.

Екипата на Анадолу Ефес во својата историја денес ќе излезе на 23 натпревар со италијанскиот претставник ЕА7 Емпорио Армани Милан.

На досегашните 22 натпревари во рамките на Европските купови, екипата на Анадолу Ефес извојува 16, ЕА7 Емпорио Армани Милан 6 победи.



Слични вести