Бешикташ играше нерешено 1:1 со Наполи во Истанбул

Турскиот претставник во Лигата на шампионите Бешикташ синоќа на свој терен во Истанбул играше нерешено 1: 1 со италијански Наполи

601661
Бешикташ играше нерешено 1:1 со Наполи во Истанбул

Бешикташ синоќа во четвртиот натпревар во групата „Б“ во Лигата на шампионите на УЕФА го угости италијански Наполи.

Натпреварот се одигра на стадионот Водафон Арена во Истанбул и заврши со нерешен резултат од 1:1.

Првото полувреме заврши без голови 0:0, додека во второто полувреме се водеше голема борба помеѓу фудбалерите на двете екипи.

Бешикташ во 79-тата минута од натпреварот со голот на Куарежма од пенал премина во водство од 1:0, но само по неколку минута во 82-рата минута од пристигна и голот на Наполи со што резултатот беше изедначен.

До крајот на натпреварот и двете екипи не успеја да постигнат гол и мечот заврши со нерешен резултат од 1:1.

Во вториот натпреварот во групата што се одигра исто така синоќа Бенфика го победи на свој терен Динамо Киев со резултат од 1:0.

Во овие резултати состојбата на табелата во квалификационата група „Б“ во Лигата на шампионите изгледа вака:

На чело на табелата се Наполи и Бенфика кои имаат освоено по 7 поени, а веднаш по нив следи Бешикташ кој досега има освоено 6 поени.

На последното место на табелата се наоѓа Динамо Киев со 4 поени.

Синоќа беа одиграни и натпреварите во групите „А“, „С“ и „Д“ и беа добиени следните резултати:

Група „А“

Базел - Парис Сен Жермен 1:2

Лудогорец Разград - Арсенал 2:3

Група „Ц“

Минхенгладбах - Селтик 1:1

Манчестер Сити - Барселона 3:1

Група „Д“

Атлетико Мадрид - Ростов 2:1

ПСВ Ајнтховен - Баерн Минхен 1:2



Слични вести