Синоќа беа одиграни 9 натпревари на европските квалификации за Светското фудбалско првенство 2018

Германија ја совлада Северна Ирска, Азербејџан играше нершено со Чешка

587888
Синоќа беа одиграни 9 натпревари на европските квалификации за Светското фудбалско првенство 2018

Во рамките на европските квалификации за Светското фудбалско првенство 2018 синоќа беа одиграни 9 натпревари во 3 групи.

На европските квалификации во Ц, Е и Ф групата беа одиграни 9 натпревари.

На натпреварот во Ц групата меѓу Германија и Северна Ирска, домаќинот Германија со головите на Јулијан Дракслер  во 13-та и Сами Кедира во 17-та минута извојува победа од 2-0.

Репрезентацијата на Азербејџан која на два натпревари во групата постигна две победи, на натпераврот во гости со Република Чешка играше нерешено 0-0.

Репрезентацијата на Сан Марино во гости изгуби од домаќинот Норвешка со резултат од 4-1 и по 15 години го постигна првиот гол во гости.

На квалификациите во Ф групата, Словенија во гости играше нерешено против Англија 0-0. Репрезентација на Словачка со два гола на Роберт Мак и една асистенција извојува победа од 3-0 против Шкотска и ја извојува првата победа во групата.

На натпреварот меѓу Ерменија и Полска на кој играчот на Бешикташ Арас Озбилиз влезе во 60-та минута, Ерменија изгуби во гости со резултат од 2-1. Ерменскиот играч Гаел Андонјан во 30-та минута доби црвен картон и репрезентацијата на Ерменија остана со 10 играчи.

Резултатите од натпреварите се следни:

Во Ц групата

Германија - Северна Ирска           2-0

Република Чешка – Азербејџан     0-0

Норвешка – Сан Марино                4-1

 

Во Е групата:

Казахстан – Романија                   0-0

Данска - Црна Гора                       0-1

Полска – Ерменија                       2-1

 

Во Ф групата:

Словенија – Англија                     0-0

Словачка – Шкотска                    3-0

Литванија – Малта                       2-0



Слични вести