Фенербахче, шампион во Претседателскиот куп

Во финалето во Претседателскиот куп Фенербахче го победи Анадолу Ефес со резултат од 77:69 и по шести пат го освои овој куп

583932
Фенербахче, шампион во Претседателскиот куп

32-от Претседателски куп во кошарка за мажи го освои Фенербахче кој синоќа во финалниот натпревар што се одигра во спортската сала Анкара Арена го победи Анадолу Ефес со резултат од 77:69.

Првата четвртина од натпреварот заврши со 15:9 за Фенербахче кој водството го продолжи и во втората четвртина која заврши со резултат од 34:25.

На крајот на третата четвртина Фенербахче водеше со 64:56, за на крајот и последната и четврта четврина заврши со резултат и победа од 77:69 коша.

На тој начин Фенербахче стана шампион во Претседателскиот куп и по шести пат го однесе пехарот во својот музеј. 

Кошаркарите на Фенербахче ја славеа победата со голема радост.

Натпреварот го следеше и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока.

Пехарот на Претседателскиот куп му беше врачен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на капетанот на Фенербахче Мелих Махмутоглу

Жолто-лилјаковата кошаркарска екипа на Фенербахче која минатата сезона стана шампион и во првата кошаркарска Супер лига Спор Тото и купот на Турција го освои и Претседателскиот куп.

Фенербахче Претседателскиот куп за прв пат го освои во сезоната 1989-1990 кога во финалето извојува победа над својот ривал Галатасарај, а потоа редум триумфираше и во сезоните 1990-1991, 1993-1994, 2006-2007 и 2012-2013 година.



Слични вести