Хакан Чалханоглу избран за најдобар фудбалер на неделата во Бундеслигата

На спроведената анкета на интернет страницата на германската прва фудбалска лига Бундеслигата „Bundesliga.com“ Хакан Чалханоглу доби 44-отсто од гласовите и беше избран за најдобар фудбалер во 6-тата недела

582653
Хакан Чалханоглу избран за најдобар фудбалер на неделата во Бундеслигата

За фудбалер на неделата во германската прва фудбалска лига Бундеслигата е избран турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу кој игра за Баерн Леверкузен.

На спроведената анкета на интернет страницата на германската прва фудбалска лига Бундеслигата „Bundesliga.com“ Хакан Чалханоглу доби 44-отсто од гласовите и беше избран за најдобар фудбалер во 6-тата недела.

22-годишниот Хакан Чалханоглу од кого пристигнаа асистенциите и на двата гола на натпреварот на кој Баерн Леверкузен го пречека Борусија Дортмунд со извонредниот перформанс што го покажа одигра значајна улога во извојуваната победа на својата екипа.

Натпреварот заврши со резултат од 2:0 за домаќинот Баерн Леверкузен.

Освен тоа турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу заедно и со еден друг турски фудбалер Керем Демирбај кој игра за Хофенхеим се најдоа во најдобрата единаесетка на неделата во Бундеслигата.



Слични вести