Започна Ултра маратонот Лиски пат во Фетхије кај Мугла

Во населеното место Фетхије кај градот започна Ултра маратонот Ликиски пат кој што се организира на 509 километарскиот историски ликиски пат и се трча во 6 етапи

576805
Започна Ултра маратонот Лиски пат во Фетхије кај Мугла

Започна Ултра маратонот Ликиски пат кој што се организира на 509 километарскиот историски ликиски пат во населеното место Фетхије кај градот Мугла.

На маратонот кој што опфаќа приближно 250 километарскиот дел од историскиот Ликиски пат и од кој секој ден ќе се трча по една етапа и ќе биде завршен во 6 етапи се натпреваруваат 220 спортисти од 8 земји.

Спортистите во текот на патеката ќе патуваат низ историски остатоци, антички градови, тврдини и амфитеатри, а исто така ќе се натпреваруваат и на тешка патека низ шума, планински и карпести предели, песочни плажи и стрмнини.

Во првата етапа од 36,5 километри на маратонот кој стартува од почетната точка на историскиот Ликиски пат во маалото Оваџик 180 спортисти ќе се натпреваруваат до античкиот град Сидима.

Ултра маратонот Ликиски пат со 6-тата етапа која ќе се трча на 1 октомври ќе заврши во античкиот град Фаселис во Анталја.



Слични вести