Дербито Бешикташ-Галатасарај заврши нерешено 2:2

Синоќешниот прв дерби натпревар во сезоната што се одригра на 5-тата недела од првата фудбалска лига на Турција Спор Тото Супер Лигата помеѓу Бешикташ и Галатасарај заврши нерешено 2:2

576418
Дербито Бешикташ-Галатасарај заврши нерешено 2:2

Првиот дерби натпревар во во сезоната што се одигра синоќа во 5-тата недела од првата фудбалска лига на Турција Спор Тото Супер Лигата помеѓу Бешикташ и Галатасарај заврши со нерешен резултат од 2:2.

Натпреварот се одигра на садионот на Бешикташ во Истанбул Водафон Арена.

Уште во 8-та минута од натпреварот Галатасарај со голот на Ерен Дердијок премина во водство од 1:0.

На самиот крај на првото полувреме во 44-тата минута од натпреварот следеше и вториот гол за Галатасарај кој овојпат со голот на Брума премина во водство од 2:0. 

Во второто полувреме домаќинот Бешикташ направи две значајни измени и на местото на Олџај Шахан и Огузхан Озјакуп во игра влегоа Абубакар и Талиска.

На тој начин во второто полувреме подобра и поорганизирана екипа стана домќинот Бешикташ.

Во 73-тата минута од натпреварот Бешикташ со голот на Марсело го сведе резултатот на 2:1, а само по неколку минути во 77-та минута со голот на Џенк Ерен го изедначи и резултатот на 2:2.

До крајот на натпреварот и двете екипи се обидоа да преминат во водство, но немаше гол така што овој прв дерби натпревар во новата сезона во 5-тата недела од првата фудбалска лига на Турција Спор Тото Супер Лигата помеѓу Бешикташ и Галатасарај заврши со нерешен резултат од 2:2.



Слични вести