Познати сите 24 земји кои ќе учествуваат на Евробаскет 2017

Познати и останатите 11 земји кои ќе учествуваат на Европското кошаркарско првенство 2017 (Евробаскет 2017) чиј домаќини се Турција, Романија, Финска и Израел

572562
Познати сите 24 земји кои ќе учествуваат на Евробаскет 2017

По одиграните шести натпревари од квалификациите за Европското кошаркарско првенство 2017 (Евробаскет 2017) познати се и имињата на 11 земји кои се стекнаа со право на учество на финалните натпревари на првенството.

Земји кои се пласираа на првото место во 7-те групи од квалификациите и најдобрите 4 второпласирани земји кои се стекнаа со право на учество на Евробаскет 2017 се: Русија, Белгија, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Исланд, Германија, Полска, Велика Британија, Грузија и Украина. 

Освен 4-те земји кои ќе бидат домаќини на првенството Турција, Романија, Финска и Израел директно ќе учествуваат и Шпанија, Литванија, Франција, Србија, Грција, Италија, Чешка, Летонија и Хрватска.

Европското кошаркарско првенство 2017 (Евробаскет 2017) на кое учествуваат 24 репрезентации и на кое Турција ќе биде домаќин на натпреварите на едната од четирите групи и на финалната серија ќе се одржи во периодот од 31 август до 17 септември 2017 година.

Извлекувањето на групите на Евробаскет 2017 ќе се одржи на 22 ноември во Истанбул.



Слични вести