Извонреден успех на турската кадетска репрезентација во кревање тегови

Турската кадетска репрезентација на Европското првенство во кревање тегови во Полска со вкупно освоени 39 медали го запиша своето име во историјата на турското кревање на тегови

572565
Извонреден успех на турската кадетска репрезентација во кревање тегови

На Европското првенство во кревање тегови за кадети во Полска екипата на турската репрезентација освои вкупно 39 медали и го запиша своето име во историјата.

Во објавеното соопштение од турската Федерација за кревање тегови истакна дека на првенството што се одржа во градот Нови Томисл и на кое учествуваа 320 спортисти од 23 земји Турција учествуваше со 28 спортисти од кои 14 женски и собори рекорд по бројот на освоени медали.

Турските спортисти репрезентативци на првенството освоија вкупно 39 медали од кои 10 златни, 11 сребрени и 18 бронзени со што станаа екипа која досега освоила најголем број медали на едно првенство во досегашната историја на турското кревање на тегови.

Во генерален пласман пак Турција освои вкупно 1.836 поени и по првопласираната Полска го освои второто место во Европа.



Слични вести