Репрезентацијата на последниот европски шампион Португалија поразена во Швајцарија

Сите втори реванш квалификациони натпревари за Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 ќе се одржат од 6 до 8 октомври

566941
Репрезентацијата на последниот европски шампион Португалија поразена во Швајцарија

Во рамките на квалификационите натпревари за светското фудбалско првенство на ФИФА 2018, во три групи беа одржани 9 натпревари.

Во А,Б и Х групата беа одржани 9 елиминациони натпревари на кои се определуваат 13 репрезентанти кои ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство во 2018 во Русија.

Репрезентацијата на Португалија, последниот европски фудбалски шампион кој на натпреварот со Франција извојува победа и го однесе купот во својот музеј, на натпреварот во гости беше поразена со резултат од 2-0 од Швајцарија. Репрезентацијата на Франција пак во гости играше нерешено 0-0 против Белорусија.

Резултатите на останатите натпревари во групите се следни:

А групата:

Белорусија – Франција:           0 - 0

Бугарија – Луксембург:            4 – 3

Шведска – Холандија:             1 – 1

Б групата :

Андора – Летонија:                0 – 1

Фарски Острови – Унгарија:  0 – 0

Швајцарија – Португалија:     2 – 0

Х групата:

Босна и Херцеговина – Естонија:  5 – 0

Јужен Кипар – Белгија:                   0 – 3

Гибралтар – Грција:                        1 – 4

Сите втори реванш квалификациони натпревари за Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 ќе се одржат од 6 до 8 октомври.



Слични вести