Во израелското пристаниште Ашдод пристигна и вториот турски брод со хуманитарна помош за Газа

Во израелското пристаниште Ашдод пристигна и вториот турски брод со хуманитарна помош наменета за населението во Газа пред муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам

565402
Во израелското пристаниште Ашдод пристигна и вториот турски брод со хуманитарна помош за Газа

По постигнатиот договор за нормализирање на односите помеѓу Турција и Израел и вториот брод кој превезува хуманитарна помош за населението во Газа пристигна во израелското пристаниште Ашдод.

Бродот Еклипс во пристаништето Ашдод беше пречекан од страна на вршителот на должноста амбасадор на Турција во Тел Авив Џем Уткан, директорот на одделот за подобрување на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата АФАД Џенгиз Акин и израелскиот заменик министер за регионална соработка Ајоб Кара.

Директорот на одделот за подобрување на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата АФАД Џенгиз Акин нагласи дека хуманитарната и совесната одговорност на Турција нема да престане ниту по раздавањето на хуманитарната помош на населението во Газа и рече: „Хуманитарната помош ќе продолжи во правец на директитвите на нашиот претседател и ние како АФАД ќе ја исполниме оваа задача.“

Со помош на вториот хуманитарен брод кој тргна на пат кон Газа за обезбедување на потребите на палестинскиот народ пред муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам се испратени велисипеди за деца, облека, ученички прибори и прехрамбени материјали составени од брашно, ориз, шеќер, сува храна, како и 100 инвалидски колички.

Испратените материјали од израелското пристаниѓште Ашдод ќе бидат натоварени на ТИР камиони и во координација на турската Црвена полумесечина Кизилај и Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата АФАД преку граничниот премин Керем Шалом ќе бидат однесени во Газа. 

При раздавање на хуманитарната помош ќе им се даде предност на семејства кои имаат најголема потреба од оваа помош, а кои се определени од страна на турската Црвена полумесечина Кизилај и палестинската Црвена полумесечина.  



Слични вести