Во Истанбул се одржа културен фестивал Етноспорт

Фестивалот е прв од ваков вид досега и предизвика голем интерес како во земјава така и во туркофонските држави.

560686
Во Истанбул се одржа културен фестивал Етноспорт

Во Истанбул се одржа Етноспорт културен фестивал

Фестивалот е прв од ваков вид досега и предизвика голем интерес како во земјава така и во туркофонските држави.

На фестивалот во Истанбул се натпреваруваа над 900 спортисти од сите туркофонски држави.

Се натпреваруваа стрелачи, борачи и јавачи на коњи.

Натпреварите ги следеше и министерот за култура и туризам Наби Авџи заедно со Билал Ердоган претседател на светската етноспор конфедерација.

Поранешниот турски национален борач Хамза Јерликаја се бореше со Билал Ердоган.

Фестивалот кој повторно ги популаризира традиционалните турски спортски вештини чии корени датираат уште од Централна Азија предизвика големо внимание од страна на ѓраѓаните на Истанбул и околината.

Натпреварите се одржаа на спортските терени во Бујукчекмеџе и Безирѓанбахче. На фестивалот беа презентирани и турски кулинарски спцијалитети.

Не беа заборавени ниту децата кои добија бесплатни играчки и кои најмногу уживаа во следење на традиционалните турски спортски вештини.



Слични вести