Првото злато за Турција на Летните олимписки игри во Рио

Турскиот национален борач Таха Акѓул до освои првиот златен медал на Летните олимписки игри во Рио

556046
Првото злато за Турција на Летните олимписки игри во Рио

Турскиот национален борач Таха Акѓул до освои првото злато на Летните олимписки игри во Рио.

На финалниот натпревар што се одржа во арената Кариока во Рио во категорија слободен стил за мажи до 125 килограми се бореа светскиот шампион во последните две години Таха Акѓул и трето пласираниот олимписки борач,претставникот од Иран Комеил Немат Гасеми.

Акѓул го порази Гасеми со 3 спрема 1 и натој начин се закити со првиот златен медал за Турција во Рио.Со тоа досегашниот број на медалите кои Турција ги освои на Летните олимписки игри во Рио е еден златен,5 сребрени и 8 бронзени.

Првата честитика на Акѓул пристигна од министерот за спорт и младина Акиф Чагатај Килич кој натпреварот го следеше од кај публиката.

 



Слични вести