Риза Кајаалп освои сребрен медал на ОИ во Рио 2016

Риза Каајалп во финалето на Олимписките игри во Рио 2016 во категоријата до 130 килограми во грчко-рисмки стил мажи загуби од Кубанецот Михаин Лопез Нунес и го освои сребрениот медал

Риза Кајаалп освои сребрен медал на ОИ во Рио 2016

Турскиот борач Риза Кајаалп на Олимписките игри во Рио 2016 во категоријата до 130 килограми во грчко-рисмки стил мажи го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Во финалето на натпреварите во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил мажи што се одржа во салата Кариока Арена во Рио Де Жанеиро турскиот репрезентативен борач Риза Кајаалп се бореше против Кубанецот Михаин Лопез Нунес. 

Кубанскиот борач го победи Риза Кајаалп со техничка одлука и по трет пат едно по друго го освои и третото олимписко злато.

Турскиот репрезентативен борач Риза Кајаалп пак кој во својата досегашна боречка кариера има освоено две светски и шест европски златни медали на Олимписките игри во Рио 2016 го освои вториот сребрен медал за Турција. 

Риза Кајаалп воедно по освоениот бронзен медал на претходните Олимписки игри во 2012 година во Лондон за прв пат освои сребрен медал на олимпијадите.

На церемонијата на доделување на медалот на Кајаалп присуствуваше и поранешниот репрезентативен борач и потпретседател на Светскиот боречки сојуз (UWW) Ахмет Ајик.

Пред натпреварот претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон турскиот борач Риза Кајаалп и му посака успех.



Слични вести