Турксел Супер купот на Турција го освои Галатасарај

Галатасарај го победи Бешикташ и го освои Турксел Супер купот на Турција

551492
Турксел Супер купот на Турција го освои Галатасарај

Галатасарај во синоќешниот одигран натпревар за Турксел Супер купот на Турција го победи Бешикташ на пенали и новата фудбалска сезона ја започна освојувајќи го Супер купот.

Жолто-црвената екипа која минатата фудбалска сезона го освои Купот Зираат на Турција за Турксел Супер купот на Турција играше против шампионот на првата фудбалска Спор Тото Супер Лига Бешикташ.

Натпреварот се одигра на стадионот на локалната самоуправа на градот Конја.

Регуларните 90 минути од натпреварот завршија нерешено без гол 0:0 по што се премина на продолжетоци и Галатасарај со голот на Хакан Балта во 100-тата минута од натпреварот премина во водство од 1:0.

Во 107-мата минута од натпреварот Бешикташ го изедначи резултатот со автоголот на играчот на Галатасарај Аурелиен Шежу.

Потоа до крајот на продолжетоците немаше друг гол и се одеше на пенали.

На крајот од изведените пенали Галатасарај го победи својот противник Бешикташ со резултат од 3:0 и по 5-ти пат го однесе во својот музеј Супер купот на Турција кој што оваа година се одигра по 10-ти пат.

Галатасарај досега во Супер купот играше 7 пати и е екипа која најмногу го освои овој пехар.

Во полседните 5 години Галатасарај дури четири пати успеа да го освои Супер купот на Турција.



Слични вести