Моника Пуиг го освои првото злато во историјата на Порто Рико во тенис на ОИ во Рио

Моника Пуиг ја совлада својата противничка Ангелика Кербер со 2:1 во сетови (6:4, 4:6 и 6:1) и освојувајќи го првото место го освои првото злато во историјата на Порто Рико во тенис

551596
Моника Пуиг го освои првото злато во историјата на Порто Рико во тенис на ОИ во Рио

Порториканката Моника Пуик во финалето во тенис на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро 2016 за жени поединечно ја победи својата противничка Германката Ангелика Кербер и го освои златниот медал.

Моника Пуиг по мечот кој што траеше 2 часа 9 минути ја совлада својата противничка Ангелика Кербер со 2:1 во сетови (6:4, 4:6 и 6:1) и освојувајќи го првото место се закити со златен медал.

22-годишната тенисерка Моника Пуиг која нема освоено грен слем турнир во својата кариера успеа да стане прва тенисерка која освои златен медал за Порто Рико во оваа спортска дисциплина.

Второто место и сребрениот медал на олимписките игри Рио Де Жанеиро 2016 во тенис за жени во поединечно го освои германската тенисерка Ангелика Кербер.

Третото место и бронзениот медал пак го освои Чехинката Петра Квитова која ја победи својата противничка американската Медисон Кејс со 2:1 во сетови (7:5, 2:6 и 6:2).

Во тенис во женски двојки пак двојката Луција Сафарова-Барбора Стричова ја победи двојката Андреа Хлавачкова-Луцие Храдецка со 2:0 во сетови и го освои бронзениот медал. 



Слични вести