Реал Мадрид го освои 41-от Супер куп на УЕФА

По третото освојување, Реал Мадрид купот го однесе во својот музеј

549035
Реал Мадрид го освои 41-от Супер куп на УЕФА

На натпреварот за Супер купот на УЕФА во норвешкиот град Трондхејм, играа две шпански екипи и тоа минатогодишниот шампион на Лигата на шампиони Реал Мадрид и Севиља, која го освои Европскиот куп.

Реал Мадрид синоќа го освои Супер купот на УЕФА откако по продолжение ја совлада Севиља со 3-2. Натпреварот во нормално време заврши 2-2.

На тој начин екипата на Мадрид, по двете претходни освојувања на истиот Супер куп на УЕФА во 2002 и 2014 година, по третпат го освои купот и го однесе во својот музеј.

Реал Мадрид и на финалниот натпревар во 2014 година ја совлада Севиља и го освои купот.

Синоќешниот натпревар беше четврти меѓусебен натпревар на двете шпански екипи во Супер купот на УЕФА, а трет по ред.

Екипата на Севиља која досега учествуваше на сите натпревари, само еднаш во 2006 година го освои купот.

Зинедин Зидан, техничкиот директор на Реал Мадрид е петтиот технички директор кој СУпер купот го освои и како фудбалер и како технички директор.

Претходно, Пеп Гвардиола, Карло Анџелоти, Диего Симеоне и Луси Енрике го освоија истиот куп.



Слични вести