Турските кошаркарки поразени и во вториот натпревар на Олимписките игри во Рио 2016
По поразот од Франција во првиот натпревар турските кошаркарки беа поразени и во вториот одигран натпревар на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 со Австралија

Турската женска кошаркарска репрезентација синоќа вториот натпревар на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 играше против Австралија и беше поразена со резултат од 61:56.
Во првиот натпревар трските кошаркарки изгубија и од Франција.
Турските кошаркарки и синоќешниот натпревар против Австралија исто како и првиот одигран натпревар против Франција започнаа добро.
Првото полувреме заврши со резултат од 29:26 за Турција, но во второто полувреме Австралија играше подобро и победи со резултат од 61:56.
Турција во првиот натпревар изгуби и од Франција со резултат од 55:39.
Австралија извојува победа и во првиот натпревар што го одигра против домаќинот на Олимписките игри Бразил со резултат од 84:66 со што во два одиграни натпревари извиојува две победи и се стекна со голема предност за излез од групата.
Турската женска кошаркарска репрезентација третиот натпревар во својата група „А“ ќе го одигра утре на 9 август во вторник против Јапонија.
Мечот ќе се одигра во салата Youth Arena и ќе започне во 23:45 часот според турско време.