Бешикташ го победи австриски Еибар со 3-0

Џенк Тосун, центарфорот на Бешикташ повторно постигна гол и против Еибар

541712
Бешикташ го победи австриски Еибар со 3-0

На подготвителниот натпревар против австриската екипа Еибар, Бешикташ извојува победа од 3-0.

Првото полувреме заврши со водството на Бешикташ. Првиот гол на натпреварот го постигна Џенк Тосун во 8-та минута.

Во второто полувреме на натпреварот, Џенк Тосун во 57 минута го постигна вториот гол, додека Толгај Арслан во 60-та минута, третиот гол.

Џенк Тосун, центарфорот на Бешикташ повторно постигна гол и против Еибар, покрај тоа што фудбалскиот клуб продолжува да бара нов центарфор.

На трите подготвителни натпревари во Австрија, 3 од головите не Бешикташ ги постигна центарфорот Џенк Тосун.

По завршувањето на кампот во Австрија со натпреварот против Еибар, екипата на Бешикташ, синоќа се врати во Истанбул.

По интензивниот камп во Австрија, фудбалерите на Бешикташ два дена ќе одмораат.

Во меѓувреме, Бешикташ четвртиот подготвителен натпревар ќе го одигра на 7 август недела против грчката екипа Олимпијакос.



Слични вести