Вонредната состојба нема негативно да се одрази на спортот

Министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич изјави дека ќе биде спроведена законска судска постапка за сите лица во спортот кои на било каков начин имале врска со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.

539498

Министерот Килич беше гостин во емисија на информативниот канал ТРТ Хабер.

Килич рече дека после обидот за воен удар улогата на турските спортисти кои ќе настапат на Летните олимписки игри во Бразил идниот месец ќе биде уште поголема, воедно дека нема да има било какви пропусти во организацијата за Летните олимписки игри.

Никој од спортскиот свет на Турција,како спортистите така и љубителите на спортот и навивачите не би требало да имаат  апсолутно било каква грижа дека вонредната состојба која е во тек во земјава негативно ќе се одрази на спортот.Нема да има било какви откажувања или одложување на спортските натпревари во текот на траењето на военредната состојба.

Слични вести