Месут Озил избран за најдобар германски репрезентативец на ЕУРО 2016

Германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил од страна на Клубот на навивачи на германската фудбалска репрезентцаија (DFB) беше избран за најдобар репрезентативец на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016)

528039
Месут Озил избран за најдобар германски репрезентативец на ЕУРО 2016

Клубот на навивачи на германската фудбалска репрезентцаија (DFB) соопшти дека за најдобар фудбалер на репрезентацијата на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) што се одржа во Франција е избран Месут Озил.

Според соопштението од DFB на гласањето на кое учествувале вкупно 25 илјади 200 навивачи Месут Озил добил 25,2-отсто од гласовите и бил избран за најдобар германски репрезентативец на ЕУРО 2016.

По Месут Озил кој игра за англиски Арсенал втор е фудбалерот на Баерн Минхен Жером Боатенг со добиени 23,1-отсто од гласовите, а на трето место играчот на Реал мадрид Тони Крос со добиени 18,9-отсто од гласовите. 

Месут Озил на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) заедно и со Мануел Неуер, Јонас Хектор, Тони Крос и Томас Милер се наоѓа меѓу фудбалерите со најголем број настапи за германската фудбалска репрезентација.



Слични вести