Португалија шампион на ЕВРО 2016

Со голот на Едер во 109 минута Португалија стана новиот европски фудбалски шампион

526721
Португалија шампион на ЕВРО 2016

Првите 90 минути од финалниот натпревар меѓу Франција и Португалија на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2016) заврши нерешено 0-0.

Првата сериозна шанса за гол ја имаше Франција во 10-та минута кога Пајет од левата страна на Гризман му ја даде топката кој удри со глава. Португалскиот голман патрицио во последен момент ја фрли топката во корнер.

Во 25-та минута капетанот на Португалија, Кристијано Роналдо поради повредата во левото колено беше принуден да го напушти натпреварот и местото му го предаде на Рикардо Кварежма.

Остриот шут на Сисоко во 34 минута повторно беше одбиен на Патрицио.

Првата половина заврши нерешено 0-0.

Напорите на фудбалерите на двете репрезентации не дадоа позитивни резултати поради што и втората половина заврши нерешено.

Во второто продолжение на натпреварот, португалскиот фудбалер Едер во 109-та минута го постигна очекуваниот гол и на тој начин Португалија премина во водство.

До крајот на натпреварот не беше постигнат друг гол поради што Португалија со победа од 1-0 го освои шампионат и стана нов европски фудбалски шампион.



Слични вести