Јасемин Џан на финалната трка на 5000 метри жени освои златен медал

Јасемин е третата атлетичарка во историјата на првенството која на 5 и 10 илјади метри освои златен медал

526634
Јасемин Џан на финалната трка на 5000 метри жени освои златен медал

Турската репрезентативка Јасемин Џан на финалната трка на 5000 метри жени освои златен медал

На Европското првенство во атлетика во Амстердам, турската репрезентативка Јасемин Џан на финалната трка на 5000 метри жени освои златен медал.

Со резултат од 15 минути 18 секунди 15 стотинки турската репрезентативка Јасемин Џан на финалната трка жени на 5000 метри го освои првото место, второто место го освои шведската репрезентативка Мераф Бахта со резултат од 15 минути 20 секунди 54 стотинки, а третото место Стеф Твел од Велика Британија со резултат од 15 минути 20 секунди 70 стотинки.

Првиот ден на Европското првенство во атлетика, Јасемин Џан на трката на 10 илјади метри исто така освои златен медал. Турската спортистка на трката на 5000 метри исто така го освои првото место и вториот ден на првенството освои втор златен медал.

Од друга страна пак, Јасемин е третата атлетичарка во историјата на првенството која на 5 и 10 илјади метри освои златен медал. На Европското првенство во 1998 година што се одржа во Унгарија, две златни медали освои ирската атлетичарка Соња О’Соливан, а на првенството во Шпанија в 2010 година, турската атлетичарка Елван Абејелезе.

На крајот на четвртиот ден на првенството, турските атлетичари освоија 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на атлетичарката Јасемин Џан кој освои златен медал и испрати телеграф во која и честиташе за постигнатиот успех на европското првенство во атлетика.



Слични вести