Турските репрезентативци Јасмани Копело Ескобар и Кембои Арикан освоија златни медали

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Јасмани Копело Ескобар му испрати телеграма со честитк

526193
Турските репрезентативци Јасмани Копело Ескобар и Кембои Арикан освоија златни медали

Турскиот репрезентативец Јасмани Копело Ескобар на финалната трка 400 метри со пречки на Европското првенство во атлетика и Полат Кембои Арикан на трката од 10 илјади метри освоија златни медали.

На првенството што се одржа во Амстердам, турскиот репрезентативец Јасмани Копело Ескобар на финалето на трката на 400 метри со пречки со резултат од 48,98 секунди го освои првото место, шпанскиот репрезентативец Серџио Фернандез со 49.06 секунди второто, швајцарскиот репрезентативец Карием Хусеин со 49,10 секунди, третото место.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Јасмани Копело Ескобар му испрати телеграма со честитки во која му честиташе за постигнатиот успех.

Репрезентативецот Полат Кембои Арикан на финалната трка на 10 илјади метри на Европското првенство во атлетика со резултат од 28 минути 18 секунди 52 стотнки го освои златниот медал, додека репрезентативецот Али каја со резултат од 28 минути 21 секунда 42 стотинки сребрениот.

Шпанецот Антониа Абадаиа во оваа категорија со 28 минути 26 секунди 07 стотинки го свои третото место.

Репрезентативецот Рамил Гулијев во трката на 200 метри го освои сребрениот медал.

Холандскиот атлетичар Куранди Мартина кој со резултат од 20 секунди 37 стотинки го освои првото место на трката, поради прекршување на патеката беше дисквалификуван, така што репрезентативецот Рамил Гулијев со резултатот од 20 секунди 51 стотинка се најде на второ место и го освои сребрениот медал.

Турскиот атлетичар Али Каја на трката од 3 илјади метри со пречки го освои сребрениот медал.

На крајот н третиот ден на Европското првенство во атлетика турските репрезентативци освоија вкупно3 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

Министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич им честиташе на репрезентативците кои освоја медали и им посака успех во натамошната кариера.



Слични вести