Германија во полуфиналето, а Италија се збогува со ЕУРО 2016

Германија на синоќешниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2016 го декласира својот силен противник Италија и се пласира во полуфиналето на првенството

523126
Германија во полуфиналето, а Италија се збогува со ЕУРО 2016

Германија се пласира во полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) кое продолжува во Франција.

Четвртфиналниот натпревар што се одигра синоќа помеѓу двете силни репрезентации на Германија и Италија во нормалното време заврши со нерешен резултат од 1:1, по што се одеше на продлжетоци и откако не можеше да се постигне гол се премина на изведување на пенали.  

Во изведувањето на пеналите Германија беше подобра и елиминирајќи го својот силен противник Италија која се оценуваше како фаворит за освојување на пехарот се пласира во полуфиналето на првенството. 

За Германија головите од пенали пристигнаа од Крис, Дрекслер, Хумелс, Кимих, Боатенг и Хектор, а не можеа да постигнат гол Милер, Месут Озил и Шваинштајгер.

Кај Италија пак голови постигнаа Инсигне, Барзагли, Џакерини, Пароло, Де Скиглио, а не можеа да постигнат Заза, Пеле, Бонучи и Дармиан.

Германија во полуфиналето на ЕУРО 2016 ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Франција и Исланд.

Натпреварот Франција-Исланд ќе се одигра вечерва во 22:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.



Слични вести