Велс приреди вистинско изненадување на ЕУРО 2016 и ја победи фоворизираната Белгија

Велс во четвртфиналето ја победи Белгија со резултат од 3:1 која инаку се оценуваше за фаворит за освојување на титулата европски шампион и се пласира во полуфиналето на првенството

522702
Велс приреди вистинско изненадување на ЕУРО 2016 и ја победи фоворизираната Белгија

Велс синоќа фрли потпис на историски успех на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) на кое учествува за прв пат.

Оваа мала островска држава во четвртфиналето ја победи Белгија со резултат од 3:1 која инаку се оценуваше за фаворит за освојување на титулата европски шампион и се пласира во полуфиналето на првенството.

Првиот гол на натпреварот пристигна од Белгија која со голот на Наинголан премина во водство, но потоа селедуваа 3 гола на Велс и тоа на Вилијамс во 11-тата минута, Робсон-Кану во 55-тата и Вокес во 86-тата минута на натпреварот.

Со овој постигнат успех Велс и стана противник на Португалија во полуфиналето.

Денеска на Европското фудбалско првенство 2016 ќе се одигра еден голем натпревар.

Ќе ги одмерат силите последниот светски шампион Германија и Италија која се оценува како фаворит за освојување на ЕУРО 2016.

Натпреварот ќе започне вечерва во 22:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1 и ТРТ 4К.



Слични вести