Турција во финалето на СП во кошарка под 17 години

Турција во полуфиналето на Светското првенство во кошарка мажи под 17 години во сарагоса ја победи Шпанија со резултат од 83:79 и се пласира во финалето

522892
Турција во финалето на СП во кошарка под 17 години
 Erkekler 17 Yaş Altı Dünya Basketbol Şampiyonası.jpg
 Erkekler 17 Yaş Altı Dünya Basketbol Şampiyonası.jpg

Турција на Светското првенство во кошарка мажи под 17 години што се одржува во шпанскиот град Сарагоса во полуфиналето во продолжетоците ја победи Шпанија-домаќинот на првенството со резултат од 83:79 и се пласира во финалето.

Шпанија првата четвртина ја започна добро и водеше со 19:18, додека полувремето заврши со 43:31 за шпанските кошаркари. 

Турските кошаркари во третата четвртина презентираа поефикасна игра и разликата почна да се топи. Третата четвртина заврши со резултат од 57:53 за Шпанија.

Во последната четвртина пак двете репрезентации наизменично преминуваа во водство.

Турските коошаркари на само 3,6 секунда до крајот на мечот губеа со два коша разлика, но со кошот на Онуралп Битим резултатот беше изнедначен на 73:73, по што се одеше на продолжетоци.

Турција во продолжетоците ја презеде надвласта победи со резултат од 83:79 и го запиша своето име во финалето на првенството.

Турција во финалето кое ќе се одигра на 3 јули во недела ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу САД и Литванија.



Слични вести